Флик: Сакаме нов напаѓач, но многу нешта ќе зависат и од Феран Торес!

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, по завршувањето на подготовките во Англија зборуваше за состојбата во тимот, трансфер плановите и младите фудбалери кои го привлекоа неговото внимание.

Германскиот стратег призна дека клубот разгледува можност за доведување нов напаѓач, но дека ситуацијата не е едноставна.

„Тоа ќе зависи од тимот. Имам голема доверба во Деко, знаеме дека можеби треба да реагираме, но многу зависи и од Феран Торес. Ќе видиме што ќе се случи“, изјави Флик.

Како една од опциите го спомена и решението со „лажна деветка“, каде би можел да игра Ламин Јамал, а таква улога можат да покријат уште Ентони Гордон и Карим Адејеми.

Флик не откри детали за евентуално засилување на позицијата последен играч за врска, но нагласи дека клубот секогаш бара начини да го подобри составот. 

Германецот посебно ги пофали младите фудбалери од школата на Барселона, истакнувајќи дека Тункaра, Горен и Чави Еспарта оставиле силен впечаток на подготовките.

„Еспарта покажа дека е играч со врвно ниво, и на натпреварите и на тренинзите“, порача Флик.

Барселона продолжува со летните подготовки, а сезоната во Примера ќе ја започне на 23 август, кога ќе се соочи со Елче на гостински терен. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.