Флик потпишува со германската репрезентација до 2024 година!

Флик

Хенси Флик има јасна слика околу својата иднина. Годините кои доаѓаат ќе ги посвети на репрезентацијата на Германија.

Заменикот на Јоаким Лев си замина од Баерн Минхен поради несогласувања со управата. Сега е подготвен да стави потпис со „панцерите“ до 2024 година. Тоа значи дека 56-годишникот ќе ги води Германците на Светското првенство 2022 година во Катар и Европското првенство на домашен терен две години подоцна. Потоа ќе се разгледува можноста дали да остане или не, во зависност од работата која што ќе ја направи.

Четирикратниот светски првак минува низ турбулентен период. Јавноста во Германија не е задоволна, особено поради елиминацијата уште во групната фаза на претходниот Мундијал во Русија. Шампионатот за германските фудбалери донесе разочарувачко 22. место.

Оваа година и Македонија се надоврза на мизеријата на германскиот национален тим, со сензационалната победа на гостувањето во Дуизбург во евро-квалификациите.