Флик: Не смееме да го потцениме Дортмунд, пласманот во полуфинале нема да е лесен

Откако стана јасно дека Борусија Дортмунд ќе биде противникот на Барселона во четвртфиналето од Лигата на шампионите, тренерот на каталонскиот гигант, Ханси Флик, изјави дека екипата мора да биде внимателна и да не го потценува ривалот од Германија. 

Голем дел од навивачите веќе ја гледаат Барса во полуфиналето и сметаат дека Дортмунд не е во добра форма, но Флик решително вели дека фаворитската улога мора да се оправда на теренот. 

„Не заборавајте дека Борусија играше финале во Лигата на шампионите. Не знам од каде доаѓа идејата дека не се во добра форма, јас не се сложувам со тоа. Дортмунд е германски тим, тоз значи дека ќе се бори до самиот крај. 

Никогаш нема да дозволам моите играчи да потценат било кој противник. Не знам како може да зборуваме за потценување, ова е четвртфинале во елитното натпреварување.

Дортмунд не е наивен тим, а доколку ние сме фаворити, мораме таа улога да ја потврдиме со напорна работа на теренот. Гледам дека некои фанови веќе зборуваат за полуфиналето, но ние сме уште далеку од таа фаза“, изјави Флик. 

Првиот четвртфинален дуел помеѓу Барселона и Борусија Дортмунд ќе се одигра на деветти април во Шпанија.