Флик: Мора да одиграме подобро отколку во Минхен, ќе дадеме сè од себе

Баерн Минхен има бројни проблеми, нема да може да смета на неколку клучни играчи, а ќе мора да даде барем два голa ако сака да го мине ПСЖ во реваншот на четвртфиналето во Лигата на шампионите. 

Менаџерот на Баварците, на прес-конференцијата призна дека тимот не одиграл добро во Минхен. 

„Имавме многу шанси во првиот натпревар, но недостигаше завршница. Мораме да одиграме подобро, знаеме дека нема да биде лесно, но ќе дадеме сè од себе. Мора да постигнеме барем два голови, го знаеме тоа. Задачата ќе биде тешка, но ова се натпреварите поради кои го сакаме фудбалот.

Сакаме да го победиме ПСЖ, ќе бидеме пресреќни ако успееме. Лукас Хернандез и Горецка тренираа, исто и Боатенг и Коман, се надеваме дека сите ќе заздрават и ќе играат“, изјави Флик.

Баерн загуби со еден гол разлика на „Алианц Арена“, но бидејќи парижани дадоа три гола како гостин, европскиот првак ќе мора да победи со повеќе од еден гол или пак да даде три во мрежата на Навас.