„Флик ќе стане селектор на Германија, а Баерн веќе има алтернатива...“

Иако Баерн Минхен ги освои сите можни трофеи минатата година, веќе оваа сезона доживеа елиминација во четвртфиналето на Лигата на шампионите од ПСЖ. Сепак, за тоа не треба да се бара виновник, едноставно баварците немаа среќа со повредите. 

Ханси Флик извлече максимум против парижани, но и покрај тоа веројатно ќе замине од клубот. Германската легенда, Лотар Матеус верува дека Флик ќе биде нов селектор на „панцерите“, а верува дека Баерн веќе има алтернатива. 

„Верувам дека Ханси Флик ќе замине од Баерн по крајот на сезоната. Федерацијата на Германија го сака Флук како долгорочно решение и веќе има понуда до него. Баерн од друга страна, покажа интерес за Јулијан Нагелсман“, изјави Матеус.

Флик дојде на чело на Баерн како привремена замена за Ковач, но бргу се етаблира меѓу менаерите како квалитетно решение. Успеа да се искачи на европскиот и светскиот врв, а ја покори и Германија во минатата сезона со својот тим, па веќе е на цена во Европа.