• Саше Љолес

Тренерот Ханси Флик ја објасни ситуацијата со Ламин Јамал, кој од почетокот на сезоната не игра на нивото на кое ги навикна навивачите на Барселона. Младиот фудбалер имаше проблеми со повреда, а во неговите настапи повторно се забележува одреден пад во формата.
Дел од навивачите се загрижени и поради впечатокот дека Јамал повеќе не ужива во играта како порано, но Флик смета дека нема причина за паника.
„На тренинзите Ламин е одличен. Мислам дека е на вистинскиот пат да се врати во старата форма и ние сме тука да му помогнеме и да му дадеме поддршка. На првиот натпревар играше еден час, на вториот остана на теренот сите 90 минути. Сè оди во добра насока“, изјави Флик.
Германскиот стратег не смета дека тоа што Јамал понекогаш не е насмеан значи дека постои сериозен проблем.
„Секогаш е убаво кога ќе видите насмеан играч, но не се сите денови исти. Ниту јас не се смеам секој ден. Играше на Светското првенство, имаше сериозна повреда, а потоа се врати по пауза од три недели и започна да тренира со нас.
Можеби на првиот натпревар не беше на своето највисоко ниво, но бев среќен што можеше да започне. На вториот натпревар играше на своето вообичаено ниво, а во одредени моменти покажа висока класа“, заклучи Флик.
И покрај прашањата на навивачите и медиумите, Јамал покажа дека постепено се враќа во форма, а тоа се потврди и со двата постигнати гола на мечот со Рајо Ваљекано (5-2), кога воедно постави и нов рекорд во европскиот фудбал.








