Флик им ја покажа излезната врата на двајца фудбалери

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, смета дека Ансу Фати и Ерик Гарсија немаат квалитет за неговиот тим и им порачал дека можат да го напуштат клубот.

Како што пренесуваат каталонските медиуми, Флик решил да биде отворен како и секогаш, а и на стоперот и на напаѓачот јасно им ставил до знаење дека нема да имаат голема минутажа кога сите играчи ќе бидат на располагање. Нешто што ќе се случу многу наскоро.

Ерик Гарсија веќе нема минутажа, а Роналд Араухо и Андреас Кристенсен допрва треба да се вратат и да му се приклучат на тимот во наредниот период. Стоперот е свесен дека е дури петти избор на неговата позиција и можеби уште во јануари ќе го напушти клубот. 

Дека не може да игра пред Рафиња и Ламин Јамал знае и Ансу Фати, а поважна улога и минути се чини ќе има и Феран Торес. Неговата вредност значително падна поради серијата повреди, па Барса не може да се надева на некоја преголема заработка од неговата продажба.

Заминувањето на Фати и Гарсија ќе ослободи простор во буџетот за плати за регистрација на Дани Олмо, кој поради финансиски проблеми е пријавен до 31 декември.