Флик и Барса добија одлични вести за својот капитен

Добри вести пристигнаа за Барселона за време на репрезентативната пауза. Капитенот Рафиња не заработил повреда и ќе биде подготвен за враќање на клубските обврски.

Бразилецот ги направил потребните лекарски прегледи, кои покажале дека нема никаква повреда. Болката што ја почувствувал во мускулот била предизвикана од грчеви, па по неколку дена одмор ќе може повторно да тренира со полн интензитет.

Во Барселона постоеше загриженост бидејќи Рафиња имаше проблеми за време на претходните две репрезентативни паузи, но овојпат ситуацијата е многу подобра.

Ханси Флик доби уште една причина за задоволство, бидејќи од повредите се опоравија и голманот Жоан Гарсија и дефанзивецот Ерик Гарсија. Жоан го пропушти натпреварот против Севилја поради полесна повреда на коленото, додека Ерик не настапи за Шпанија поради мускулни проблеми.

Двајцата се очекува од понеделник да започнат со тренинзи и да бидат целосно подготвени за натпреварите што следуваат.

Барселона веднаш по репрезентативната пауза ќе го пречека Хетафе, а во текот на октомври ја очекува исклучително густ распоред, со гостувања кај Галатасарај и ПСЖ во Лигата на шампионите, како и големото „Ел Класико“ на „Камп Ноу“.