• Саше Љолес
Ханси Флик и неговата Барселона минаа триумфално низ Белград и ја совладаа Црвена Звезда со убедливи 2-5 во мечот од четвртото коло во Лигата на шампионите.
Германскиот стратег по натпреварот изјави дека е задоволен од прикажаното и ги пофали домашните фудбалери за сериозниот пристап и двата постигнати гола.
„Знаевме дека нема да биде лесно, иако конечниот резултат можеби кажува нешто друго. Примивме два гола, а тоа ја потврдува сериозноста на Црвена Звезда. Тие се шампиони и не се случајно во ова натпреварување.
Имавме контрола врз играта и делувавме компактно на теренот. Моите играчи беа на висина на задачата и не дозволија никакво изненадување. Трите бода се најважната цел.
Нема лесни противници во Лигата на шампионите. Секоја чест за прекрасната атмосфера на трибините“, рече Флик.
Барселона стигна до третата победа сезонава, додека Црвена Звезда останува без триумф во елитниот ранг на УЕФА.