ВИДЕО: Фламенго преку Круз Азул до полуфинале на Интерконтиненталниот Куп

Екипата на Фламенго одигра одличен натпревар и го совлада мексиканскиот тим Круз Азул со конечни 1-2 (1-1) во четвртфиналето на Интерконтиненталниот Куп на ФИФА. 

Бразилскиот гигант беше во егал по првите 45 минути, но во второто полувреме ја заокружи победата со која закажа дуел против екипата на Пирамидс од Египет. 

Резултатот го отвори Де Араскаета во 15. минута, а на 1-1 израмни Хорхе Санчез, кој биеше на една минута пред истекот на првиот дел. Триумфот за Фламенго го донесе истиот стрелец од првото полувреме, Аргентинецот Гиоргиан Де Араскаета, кој ја затресе мрежата во 71. минута од натпреварот. 

Со евентуална победа над Пирамидс, Фламенго ќе има можност да игра во големото финале, каде своето учество веќе го има потврдно актуелниот европски шампион - францускиот ПСЖ.