• Зоран Мишевски
Фламенго го победи Естудијантес со 2-1 во првиот четвртфинален натпревар во Копа Либертадорес, во натпревар кој донесе рекордна посета на реконструираниот легендарен стадион „Маракана“.
- Извештајот од натпреварот:
Бразилскот тим поведе по само 15 секунди од натпреварот со голот на Педро. Тоа е втор најбрз гол во во историјата на натпреварувањето во кое рекордот сè уште го држи Перуанецот Феликс Суарез, кој постигна гол за Алијанса Лима против колумбискиот Индепендиенте де Санта Фе по само шест секунди во април 1976 година.
Варела го зголеми резултатот на 2-0 во деветтата минута, а Естудијантес ја намали негативата со автоголот на Лео Переира во 90. минута, постигнувајќи автогол. Реваншот ќе се игра во Ла Плата на 25 септември.
Натпреварот привлече 71.977 гледачи, што е нов рекорд на „новата Маракана“ кога станува збор за клупски натпревари.
Најголема посетеност досега беше регистрирана во 2023 година, кога дуелот меѓу Фламенго и Индепендиенте, го следеа 71.411 гледачи.




