Фламенго го официјализира ветеранот Рафиња

Бразилскиот интернационалец Марсио Рафаел попознат како Рафиња кариерата ќе ја продолжи во својата татковина. 33-годишниот десен бек во следните две сезони ќе настапува за Фламенго. Рафиња го напушти Баерн Минхен по осум години, откако му истече неговиот договор и тој не доби понуда за негово обновување.

Бразилецот постигна еден гол и запиша две асистенции на 26 натпревари за баварскиот тим во последната сезона. Освен за Баерн Минхен, десниот бек настапуваше и за Шалке 04 и Џенова.

Заедно со Рафиња, Баерн Минхен го напуштија Робен и Рибери како слободни фудбалери и Родригез, кој не беше откупен по двегодишната позајмица.