Фламенго бил фатен во небрано, еве каква клаузула прифатил за да го донесе Роналдињо

Роналдињо

Бразилскиот гигант Фламенго беше една од последните екипи каде што Роналдињо играше по враќањето во Јужна Америка. Откако го напушти Милан, поранешниот репрезентативец на Бразил потпиша со тимот од Рио де Жанеиро и таму се задржа само една година.

Договорот со екипата му заврши на неславен начин, откако тој се пожали за неисплатени плати за неколку месеци. Потоа правдата ја бараше преку суд и на крај со помош на своите адвокати ја раскина соработката.

При преговорите со Фламенго, претставниците на Бразилецот поставиле една изненадувачка клаузула. Тоа била дозвола за поранешниот освојувач на „Златната топка“ двапати да може да излегува во дискотеките во Рио.

Тоа бил условот кој бразилскиот прволигаш морал да го прифати за соработка со талентираниот фудбалер. Токму ноќниот живот не му дозволи на феноменот да се истакне во најдобро светло, а во единствената сезона во Фламенго постигна 19 гола и запиша 13 асистенции.

Роналдињо замина во пензија во 2015 година, играјќи за Флуминенсе. Оваа година беше во центарот на јавноста поради нелегалното влегување во Парагвај и завршувањето зад решетки. На крај успеа да излезе и да си обезбеди можност да се брани од слобода, а обвинителството во Парагвај допрва ќе одлучува за неговата казна.