ФК Вардар: Срамна е постапката за продажба на билетите, нема да дозволиме неправда!

Фудбалскиот клуб Вардар реагира до ФФМ на тема билети за бараж натпреварот за опстанок во ПМФЛ против Детонит Плачковица. 

Како домаќин за овој дуел беше одбран стадионот „Благој Истатов“ во Струмица, а вардарци имаат замерка за продажбата на билети. Имено, тие се пожалија дека иако побарале состанок со ФФМ во врска со карти за натпреварот, тоа не се исполни. На три дена до бараж мечот е објавено дека билетите ќе се продаваат преку продажната мрежа на „МК Тикетс“. 

  • Реакцијата на ФК Вардар за продажбата на билети:

Преку клупскиот профил „црвено-црните“ нагласија дека нема да дозволат неправда и одново повикаа на масовност од „Комити“ и сите приврзаници на Вардар. 

Пресметката меѓу Вардар и Детонит Плачковица се игра в недела во терминот од 17:00 часот.