ФК Тетекс пак оштетен, најави кривична пријава за еден од судиите!

Второлигашот Тетекс одигра реми без голови против Саса (0-0), а повторно од „штофарите“ имаат забелешка на арбитражата и најавија дека против еден од судиите на овој натпревар ќе биде поднесена кривична постапка.

Тетовскиот клуб се бори за опстанок, а откако беше оштетен со Караорман, па доби извинување од Судиската комисија при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), веќе на следниот натпревар следеше грешка на судија поради која се остана без бодови.

  • Сооопштението на ФК Тетекс во целост:

„И повторно после едно коло ФК Тетекс е оштетен од судиите, поточно од помошникот Филип Николов и повторно е донесена погрешна одлука и загубени се бодови. И не бараме алиби како што федерација изјави, бараме на секој натпревар до крај фер и коректно судење без големи грешки, но, очигледно многу бараме!

Голот кој беше признат на ФК Караорман ни одзеде еден бод, а вчерашниот поништен гол ни одзеде два бода. Епа, не е тешка математиката, да имавме чесно судење, сега ќе бевме на сигурна позиција на табелата.

И за крај сакаме да се обратиме со прашање до оние кој учестуваваа во делегирање судии:

1. Како на натпревар со голем влог за две екипи вие делегирате помошен судија на кој овој натпревар му е втор во Втората лига, а останатите се во Третата лига и младинските лиги?!

На сликата јасно се гледа дека фудбалерот на ФК Саса со број пет е последен фудбалер во одбраната, а фудбалерот на ФК Тетекс со број седум, кој го постигнува голот, е пред последниот фудбалер на ФК Саса .

Овој пат НЕ ПРИФАЌАМЕ извинување! Овој пат ќе поднесеме кривична пријава против помошникот судија Филип Николов за обештетување на последнична штета! Еднаш засекогаш мора да дојде крајот за вакви судиски одлуки, со кои се одлучува судбината на некој клуб!“.

„Штофарите“ се наоѓаат на четиринаесеттото место со 15 бода, а пред нив е Саса со 17 бода. На првото безбедно место во ВМФЛ е Локомотива Пехчево со 20 бода.