ФК Тетекс доби извинување од судиската комисија при ФФМ

Фудбалскиот клуб Тетекс објави соопштение дека управата добила извинување од Судиската организација при ФФМ, за превидот при голот на Караорман, при креирање на анализата за судиските грешки.

<<< ПОВРЗАНО - ФК Тетекс со поплака до ФФМ: Дали однапред сакате да испаднеме?

<<< ПОВРЗАНО - Судиската комисија потврди: Голот на Караорман со Тетекс е регуларен

Стружани постигнаа гол од офсајд-позиција и истовремено имаше и прекршок, но од Судиската комисија потенцираа дека ситуацијата е чиста. Сепак, по реакцијата на ФК Тетекс со објава на видео, пристигна извинување.

<<< ПОВРЗАНО - Тетекс објави видео: Дали анализата на ФФМ по ова не е срамна? (ВИДЕО)

„Ги известуваме сите верни навивачи на ФК Тетекс и целокупната македонска јавност, дека денес добивме извинување од Судиската организација на ФФМ за донесената погрешна одлука на помошниот судија кој судеше за време на натпреварот со ФК Караорман не досуди офсајд како и голот кој беше даден во 66-та беше признат, а истот не беше регуларен!

Во рамки на спортскиот дух, ФК Тетекс овој пат, ќе го прифати извинувaњето од Судиската организација на ФФМ и во иднина очекуваме дека ќе бидат застапувани приниципите на фер-плеј објективно судење, интегритет и почит“, велат од ФК Тетекс во соопштението.

Тетекс во последното коло со Локомотива Пехчево освои три бода, но битката за опстанок трае и понатаму,