• Мартин Танасковски

Фудбласкиот клуб Шкендија објави соопштение по повод инцидентите на „Чаир“ кога на мечот со Шкупи беа нападнати гостинските фудбалери. Шкендија поради нападот го доби мечот со службени 0-3 и патува во полуфиналето од Купот на Македонија.
- Соопштението на Шкендија:
„Фудбалот е натпревар, но целта е да се соберат што е можно повеќе луѓе заедно и да уживаат. Фудбалот ги привлекува различните луѓе. И како што вели спонзорот на Шкендија: „Не го правиме тоа на начин кој предизвикува насилство“.
После сите работи кои се случија во Чаир во прекинатиот меч од четвртфиналето на Купот меѓу Шкупи и Шкендија, овој пат клубот нема да излезе со соопштение за осуда за нападот на играчите, за навредите и пцовките од индивидуалци или нападот на нашиот автобус по напуштањето на Скопје.
Шкендија како клуб повикува на ургентно стоп за оваа екстрена омраза и фанатизам меѓу двете навивачки групи, затоа што тоа не само што им штети на нашите клубови, туку и на невините луѓе кои немаат ништо со фудбалот.
Не е улога на Шкендија да посочи кој започнал, кој го продолжил, или кој е повеќе или помалку виновен! Шкендија е јасна - Стоп на омразата и немилите сцени на нашите натпревари!“, велат од Шкендија.
Од тетовскиот клуб најавија дека се подготвени да седнат на маса со сите инволвирани страни, за насилството на натпреварите меѓу Шкендија и Шкупи да престане и омразата да исчезне.