• Горан Упале
Александар Ставрев, еден од најдобрите судии во историјата на мак-фубалот, наскоро ќе замине во заслужена пензија. Иако тоа требаше да го направи пред две години, Ставрев тогаш ја одложи пензијата и продолжи да го прави тоа што најдобро го знае.
По тој повод нашиот арбитар доби подарок од првиот човек на Пелистер, Митко Стојковски, во пресрет на натпреварот во Битола на „зелено-белите“ и Беса.
„Од името на ФК Пелистер, претседателот на клубот Митко Стојковски, им врачи еден мал гест за крај на судиските кариери на еден од нашите најдобри судии Александар Ставрев, како и на помошникот на денешниот натпревар Костадинов Дејан“, стои во објавата на Пелистер.
Покрај Ставрев во судиска пензија ќе замине и денешниот негов асистент Дејан Костадинов.