ФК Кожуф се пожали: Ако судењето не се подобри, подготвени сме да се повлечеме од ВМФЛ!

Фудбалскиот клуб Кожуф загуби на домашниот меч со Вардар Неготино (0-1) во рамките на 17. коло од Втората македонска лига. По овој дуел челниците на клубот од Гевгелија решија да испратат соопштение во вид на жалба за арбитражата и судиските грешки.

Кожуф се пожали дека е оштетен во натпреварите од седмото, осмото, дванаесеттото и шеснаесеттото коло, како и во последното. Станува збор за дуели против Тетекс дома, Башкими на гости, Новаци на гости, против Караорман во Струга и дома со Вардар Неготино викендов. Клубот достави видео од спорниот момент на натпреварот, во кој Бојан Иванов беше исклучен во 30. минута по една мешаница. 

  • Спорната ситуација од натпреварот со Вардар Неготино:

Судијата Бењамин Ќерими покажа дека Иванов во мешаницата фатил противнички играч за врат, па поради тоа му го покажа патот кон соблекувалната.

Кожуф побара од Судиската комисија да ги разгледа спорните натпревари и да направи нешто за лошата арбитража, во спротивно  најави дека размислува дури и за повлекување од ВМФЛ.