ФК Борец: Седум кола по ред во ПМФЛ се носат одлуки на наша штета

Екипата на Борец од Велес се врати во најквалитетната македонска фудбалска лига по долго време, а по првите седум кола, тимот има замерки на арбитражата во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Последниот меч со Работнички заврши без победник (1-1), а домашните сметаат дека на овој дуел требало да има пенал за нив. Во продолжение, прочитајте ја во целост објавата на Борец, околу последните седум кола во ПМФЛ.

„Нашиот клуб, иако губеше со Работнички, со прекрасниот гол на Ѓоргиев се врати во натпреварот и создаде многу шанси, имаше поголема иницијатива и посед на топка и имаше пенал кој според судиите било судиско убедување...?

Ова беше седмо коло во ПМФЛ и на секој натпревар можеме да кажеме дека има спорен момент на наша штета.

Во прво коло имаме недолично однесување од судија кон нашата клупа и нашите играчи и неколку спорни офсајд напади на наша штета.
Второ коло - црвен картон и беспотребни жолти картони за обични прекршоци на центар или во противничка половина,
Трето коло - повторно црвен картон за старт на центар кога играчот е свртен со грб,
Четврто коло - повторно пенал (имало допир?),
Петто коло - се плашевме да нападнеме противнички играч поради фактот дека секој допир е фаул или пенал (и тоа се случи, секој допир фаул за противникот и старт за пенал кој на микроскопска анализа и снимка имало намера за допир?)
Шесто коло - повторно пенал, оти имало допир со рака, а на видеото и со микроскоп не се гледа удар со рака и згора на тоа примен трет гол од чиста офсајд позиција, што јасно се гледа на видеото. Ситуација на 0-0 досуден непостоечки офсајд кога нашиот играч е очи во очи со голманот. 
Седмо коло - ситуација за пенал во која проценете и сами?

Со ова не сакаме да се правдаме, едноставно сакаме фудбалска и судиска дебата и сакаме подеднаков критериум на сите судии и на секој натпревар. Само така ќе имаме професионализам и фудбалски ќе успееме да го подигнеме нивото на македонскиот фудбал“, стои во објавата.

Борец по седум кола во ПМФЛ има една победа над Шкендија, едно реми против Вардар и четири порази, резултати поради кои тимот е на последното место. Во следната рунда велешани ќе гостуваат кај Ренова.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 9 6 2 1 12:3 9 20
2 Академија ПандевАкадемија Пандев 9 5 3 1 9:2 7 18
3 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 9 4 3 2 12:7 5 15
4 РеноваРенова 9 4 1 4 8:10 -2 13
5 ШкупиШкупи 9 3 4 2 9:7 2 13
6 ШкендијаШкендија 9 3 2 4 8:6 2 11
7 РаботничкиРаботнички 2 9 3 1 5 7:11 -4 10
8 СилексСилекс 1 9 3 0 6 9:13 -4 9
9 БорецБорец 1 9 2 2 5 7:15 -8 8
10 Струга Трим ЉумСтруга Трим Љум 2 9 2 2 5 8:15 -7 8