Фисник Нухиу: Имав главоболка и кашлица, не чувствував никаков мирис и вкус

Неколку членови на двата тетовски клуба, Ренова и Шкендија се покажаа позитивни на ковид-19. Меѓу заразените е и спортскиот директор на Ренова, Фисник Нухиу. Тој се наоѓа во домашна изолација, а за ТВ21 раскажа за симптомите кои ги имал.

„Првите два дена имав температура и треска, проследени со главоболка која не престануваше ниту со лекови против болки. Ова траеше 4-5 дена. Потоа почувствував други симптоми го губев чувството за вкус, не чувствував никаков мирис кога јадам или пијам. Сега имам почеста кашлица која во првите денови ја немав. Сега карактеристично е ова со усните, забите, вилицата, како да не ги чувствувам, тоа ме изморува и кога јадам, и кога зборувам“, вели Фисник Нухиу.

Институтот за јавно здравје донесе одлука Ренова во наредните 14 дена да биде во изолација, со цел да се спречи ширењето на вирусот.