ВИДЕО: Фиорентина со триумф во Раков го потврди четвртфиналето во КЛ

Екипата на Фиорентина се пласираше во четвртфиналето на Конференциската лига на УЕФА, откако вечерва славеше победа на гостувањето кај Раков Честохова со конечни 1-2 (0-0), заокружувајќи го осминафиналниот двомеч со конечни 4-2. 

  • Раков Честохова - Фиорентина 1-2: 

Италијанскиот претставник немаше лесна мисија, но успеа да ја оправда фаворитската улога и се најде меѓу осумте најдобри во натпреварувањето. Во првите 45 минути не видовме голови, а резултатот потоа го отворија домаќините, кои поведоа со 1-0 преку Карол Струски. 

Домашниот фудбалер ја затресе мрежата во 46. минута, но „виолетовите“ израмнија со голот на Шер Ндур, кој стрелаше во 69. минута. Конечните 1-2 ги постави Хрватот Марин Понграчиќ во последните секунди од натпреварот. 

  • АЕК Ларнака - Кристал Палас 1-2: 

Фиорентина во следното коло ќе се соочи со англискиот Кристал Палас, кој успеа да го елиминира тимот на АЕК Ларнака по продолженија, славејќи со конечни 1-2 (0-1). 

  • АЕК Атина - Целје 0-2: 

Пласман во следната рунда обезбеди и германскиот Мајнц 05, кој славеше со 2-0 над Сигма Оломуц, а своето место го потврди и грчкиот АЕК од Атина, иако беше надигран со 0-2 на домашен терен од словенечкиот Целје. 

  • Мајнц 05 - Сигма Оломуц 2-0: 

За грчкиот претставник повеќе од доволна беше победата на првиот натпревар, кога славеше со огромни 0-4.