• Горан Упале
Фудбалерите на Фиорентина го одбранија домашниот терен и извојуваа минимална победа над Аталанта од 1-0 (1-0), во рамкиte од првиот натпревар од полуфиналната фаза во Купот на Италија.
Во Фиренца домашните фудбалери имаа повеќе од играта, создадоа поголем број на шанси од противникот, но само една топка влезе во противничката мрежа. Дали тоа ќе биде доволно за пласман во финалето ќе се дознае за 24 април, за кога е закажан реваншот во Бергамо.
Човек на одлука на „Артемио Франки“ беше Роландо Мандрагора. Искусниот Италијанец, на додавање на Николас Гонзалез, во 31. минута ја погоди целта и го постигна единствениот гол на натпреварот.
- Извештај од натпреварот:
Во првото полуфинале синоќа екипата на Јувентус пред својата публика со головите на Киеза и Влаховиќ извојува сигурна победа над Лацио од 2-0.