• Иван Димовски
Фудбалерите на Аталанта се пласираа во финалето на Копа Италија откако во Бергамо го свртеа двомечот против Фиорентина и славеа со 4-1 (1-0). Првиот дуел во Фиренца заврши со минимална победа на домашниот тим, а на „Гевис“ во предградието на Милано домашниот тим се радуваше во драматична завршница.
- Извештај од натпреварот:
Само осум минути им беа потребни на домашните фудбалери да ја анулираа претноста на „Виола“. Теун Копмајнерс стрела за предност на Аталанта од 1-0, а бргу потоа имаше и еден поништен гол на Скамака. Веројатно клучниот момент се случи на стартот на второто полувреме кога црвен картон доби стоперот на Фиорентина, Никола Миленковиќ. И покрај тоа гостите во Бергамо успеаја да направат подвиг и да израмнат со голот на Мартинез Кварта во 68. минута (1-1).
Гасперини со серија измени успеа да воспостави контрола и Аталанта почна да притиска. Тоа резултира со гол на Џанлука Скамака за 2-1 во 75. минута, меѓутоа и уште неколку шанси. Аталанта притискаше и сакаше да избегне продолженија, а Фиорентина грчевито се бранеше. Отпорот пукна длабоко во судиското продолжение. Адемола Лукман погоди за 3-1 во петтата дополнителна минута, па иако прво голот беше поништен, ВАР собата утврди дека нема офсајд. Во последните секунди од натпреварот конечните 4-1 ги постави Марио Пашалиќ кој погоди во контра напад.
Во финалето на Купот екипата на Аталанта ќе се судри со Јувентус кој го доби двомечот со Лацио.










