ВИДЕО: Фиорентина седми меч без победа, не ја прекина кризата и со играч повеќе

Екипата на Фиорентина ја продолжи кризата во калчото и одигра реми на домашен терен против Торино (1-1) со што продолжи падот на „виолетовите“ во Серија А.

  • Извештај од натпреварот:

Тимот во Фиренца имаше играч повеќе скоро цел натпревар, ама пак не успеа да освои полн плен. Ова беше седми натпревар како Фиорентина не успева да победи, на контото има четири порази и три нерешени.

Дембеле од Торино доби два брзи жолти картони и беше исклучен во 33. минута, а течеше 38. минута кога Моисе Кин донесе предност за Фиорентина. И домашните ја чуваа таа позитива, се до 70. минута кога Гинетис реализира за Торино и ги постави конечните 1-1.

Фиорентина е шеста на табелата со 33 бода, а Торино има четири нерешени во низа и се наоѓа на 11-тото место.

Состави

Рафаеле Паладино

4-2-3-1

    Паоло Ваноли

    4-2-3-1