ВИДЕО: Фиорентина се врати од 0-2, но го „положи оружјето“ пред Аталанта

Аталанта

Трет меѓусебен натпревар во низа Аталанта ги освојува бодовите против Фиорентина (2-3) во меч од 30. коло од Серија А.

  • Извештај од натпреварот:

Гостите уште во раната фаза најавија дека вечерва размислуваат само за победа и ништо друго. Дуван Запата највисоко скокна и донесе водство по тринаесет минути игра во Фиренца. Тимот од Бергамо имаше повеќе од играта и доминираше во првото полувреме. Дури на крајот со реакција на ВАР-собата вторпат се израдува Запата, кој не беше во офсајд при вториот погодок на Аталанта.

Мечот стана интересен кога Влаховиќ намали по асистенција на Касерес по еден час игра. Десет минути подоцна следуваше нов шок за гостинскиот тим. Влаховиќ одново се најде на вистинското место и без проблеми ја затресе противничката мрежа за да израмни.

Меѓутоа кратко траеше радоста на Фиорентина, бидејќи Куарта играше со рака и му овозможи на ривалот со пенал одново да ја врати предноста на своја страна. Словенецот Иличиќ беше успешен реализатор на казнениот удар.

Лошата форма за Фиорентина значи дека ќе има мали проблеми до крајот на сезоната да го потврди опстанокот во елитата.