• Саше Љолес
Екипата на Фиорентина полека излегува од длабоката резултатска криза и успеа да победи кај незгодната Болоња со конечни 1-2 (0-2) во натпреварот од 21. коло во Серија А.
„Виолетовите“ ги обезбедија трите бода уште во првото полувреме, кога стрелаа Роландо Мандрагора и Роберто Пиколи. Гостите имаа уште еден погодок, но беше поништен поради осфајд-ситуација.
Болоња прикажува мал пад во формата, а тоа се докажа и со очајниот пристап на голем дел од првотимците. Домаќинот имаше поголем посед на топката, но вкупно двапати се закани во рамките и успеа да постигне само почесен погодок преку Џовани Фабијан во 88. минута од натпреварот.
- Извештај од натпреварот:
Фиорентина сега има 17 бодови, исто колку и екипата на Лече, додека Болоња засега останува на осмата позиција со триесет бодови на своето салдо.









