ВИДЕО: Фиорентина се спаси од срам во КЛ, историја за Ријека и Целје

Италијанскиот калчолигаш Фиорентина се спаси од срам и по продолженија успеа да ја елиминира полска Јагјелонија, иако загуби со 2-4. Клучен за пласманот во следната фаза на Конференциската лига беше дуелот во Полска.

  • Фиорентина - Јагелонија 2-4:

На првиот меч Фиорентина славеше со 3-0 и се очекуваше мирен реванш, меѓутоа „виолетовите“ уште еднаш покажаа дека се екипа која нема константност. Регуларниот дел заврши со 3-0 за Јагјелонија, блескаше Мазурек и даде хет-трик. Во екстра-времето Фаџоли и Кин го извадија калчолигашот од калта, Имаз ги постави конечните 2-4.

Целје на домашен терен го повтори резултатот од Приштина и ја победи Дрита со 3-2, па обезбеди место во следната фаза на Конференциската лига на УЕФА. За словенечкиот тим Сеслар беше двоен стрелец, еднаш погоди Хрка, додека за гостинот, Красниќи и Дабиќај имаа по еден гол. На мечот настапија и Блертон Шеји и Егзон Бејтулаи, на клупата на Дрита беше Зекрија Рамадани.

  • Ријека - Омонија 3-1:

Ријека забележа голем успех и ја исфрли Омонија со домашен триумф од 3-1. Хрватскиот тим до победата дојде благодарение на два гола на Фрук и еден на Аду, за кипарскиот тим погоди Танковиќ во првиот дел.