ВИДЕО: Фиорентина рутински го откажа Кремонезе и закажа Куп-финале со Интер

Интер синоќа се пласира во финалето на Купот на Италија, а вечерва го дозна името на противникот. Тоа ќе биде Фиорентина, која по 2-0 во првиот натпревар на гостински терен, вечерва во Фиренца ремизираше 0-0 со Кремонезе и ќе има игра за трофејот.

  • Извештај од натпреварот: 

Првата голема шанса домашните ја имаа во 16. минута. Никола Миленковиќ скокна и шутираше со глава, но го промаши голот. До крајот на првиот дел не видовме ништо посебно од ниту една од двете екипи. Во 46. минута тренерот на гостите му даде шанса на Валерио наместо Џиљоне, а десет минути подоцна наместо Окерек го внесе Десерс, но на крајот тоа не му се исплатеше. До крајот видовме уште една вистинска можност за гол. Кабрал со одлична топка во 75. минута го пронајде Гонзалес, но овој беше непрецизен.

На 24 мај во финалето ќе играат Интер и Фиорентина во Рим, а „нераѕурите“ го бранат трофејот освоен минатата година.

Состави

Винченцо Италиано

4-3-3

    Џовани Стропа

    3-5-2