Фиорентина пред потпис со Мауро Зарате

Напаѓачот на Вест Хем, Мауро Зарате би требало до крајот на преодниот рок да се врати во италијанската Серија А. За услугите на aргентинскиот играч е заинтересирана Фиорентина, а неговиот агент изјави дека во тек се преговорите за неговото заминување:

„Во моментот се наоѓам во Лондон на преговори со Вест Хем  за неговото заминување во Серија А. Мауро се радува поради евентуалното враќање во Италија, но нема да биде лесно“.

Англиските медиуми предвидуваат дека за овој трансфер Фиорентина е спремна да плати 3 милиони евра плус бонус во зависност од игрите на Аргентинецот.

Зарате во Серија А одигра шест сезони, пет во дресот на Лацио и една како член на Интер. Оваа сезона за англискиот Вест Хем има одиграно петнаесет натпревари и има постигнато три гола.