Фиорентина нема што да бара во дуелот против екипата од Бергамо

Аталанта сака да ја задржи позицијата која води во Лигата на шампионите, ама тоа нема воопшто да ѝ биде лесно затоа што по гостувањето кај Фиорентина следат две големи искушенија. Прво во Бергамо тимот ќе се сретне со еден од главните конкуренти во таа битка – Јувентус, а потоа оди на гости кај Рома, која и самата брка пласман во Европа. Јасно е дека момците на Џан Пјеро Гасперини не смеат да си дозволат да загубат бодови против Виола, затоа што тешко дека ќе ги надополнат во дуелите со „старата дама“ и со „волчицата“.

Сите квоти за натпреварот Фиорентина - Аталанта

Фиорентина на табелата се наоѓа далеку под „божицата“, но има солидни осум бода повеќе од првиот тим во зоната за испаѓање – Каљари. Клубот од Фиренца пред крајот на март му врачи пораз на тренерот Чезаре Прандели, на чие место на клупата седна Џузепе Јакини кој во ноември беше отпуштен од... замислете – Фиорентина. Но, такви ситуации не се реткост во Серија A, колку и да ни делуваат бизарно.

Квоти за останатите натпревари од Серија А

„Виолетовите“ на свој терен врзаа три натпревари без победа – загубија од Рома и Милан, а ремизираа, и тоа едвај, со Парма, која е претпоследна. Од друга страна, Аталанта, која нанижа три лигашки триумфи, загуби само два меча на гости (од Наполи и Интер). Така, сè освен меѓусебниот скор говори во прилог на двојка. Притоа, домаќините ќе бидат без суспендираниот Франк Рибери и Ерик Пулгар, како и повредените Игор, Александар Кокорин и Кевин Малки, додека во редовите на Аталанта надвор од стројот е само Ханс Хатебур.

Во конечниот исход не се сомневаме, но малку се двоумиме околу головите. Аталанта обично игра ефикасно, ама во последно време на гостински терен врзува малку потврди партии, па нам 2-3 ни делува како вистинска мерка.