ВИДЕО: Фиорентина ја надигра Салернитана, лудо реми на „Дачиа Арена“

Ако минатиот викенд Салернитана на Пипо Инзаги изненадувачки го победи Лацио со 2-1 и во третиот месец од сезоната ја запиша првата победа, тимот од југот на Италија пак им се врати на поразите. Прволигашот од Салерно загуби на гостувањето кај финалистот на Конференциската лига на УЕФА, Фиорентина на Винченцо Италиано.

  • Фиорентина - Салернитана 3-0:

Дуелот од 14. коло на Серија А на „Артемио Франко“ заврши со победа на домаќините со 3-0 (2-0). Младиот Аргентинец Белтран и Рикардо Сотил во раната фаза на првиот дел ја најавија победата, а бодовите ги потврди Џакомо Бонавентура во второто полувреме.

По тренерската смена и враќањето на Чофи на клупата, Удинезе е далеку поатрактивна екипа. Попладнево на „Дачиа Арена“ домаќинот беше пред победа против Верона, но прими гол во последната минута од надополнувањето и натпреварот завши 3-3 (2-1). Кабаселе и Лука ги доведоа „црно-белите“ од Удине во водство, а Ѓуриќ и Нгинге донесоа изненадувачко израмнување за гостите од Верона. Кога спласна темпото на дуелот во северна Италија, Лоренцо Лука со својот втор гол, во 72. минута донесе ново водство за Удинезе. Сите ја видоа победа на домаќините, но Томас Анри во 97. минута ги шокира домаќините и донесе реми за Верона (3-3). 

  • Удинезе - Верона 3-3:

Во останатите денешни натрпевари Рома гостува на „Мепеи стадиум“ кај Сасуоло, а Наполи на Елмас ќе го пречека европскиот вицешампион Интер. 

Состави

Винченцо Италиано

4-2-3-1

    Fabio Liverani

    3-4-2-1