• Саше Љолес
Екипата на Фиорентина им се врати на поразите во Серија А, откако вечерва загуби на домашен терен од екипата на Каљари со конечни 1-2 (0-1).
- Извештај од натпреварот:
Гостите од Сардинија поведоа во првото полувреме преку Семих Килицсој, а на стартот од вториот дел ја удвоија предноста со голот на младиот Марко Палестра. „Виолетовите“ постигнаа почесен погодок преку Марко Брешанини, но не успеаја да избегнат пораз пред својата публика на „Артемио Франки“.
Фиорентина останува на првото место во опасната зона со 17 бодови, исто колку Лече, кој има натпревар помалку. За Каљари ова беше шеста победа сезонава, со која се искачи до 11. позиција на табелата.








