• Иван Димовски
Фудбалерите на Фиорентина експресно им се вратија на победите во Конференциската лига, откако по поразот од АПОЕЛ во претходното коло, вечерва го одбранија домашниот терен и над Пафос славеше со минимални 3-2.
„Виолетовите“ кои играат брилијантно и во Серија А, со головите на Коуаме и Голдар (автогол) поведоа со сигурни 2-0, по што следуваше погодок на Јаиро за 2-1. Калчолигашот за брзо ја врати сигурна предноста од два гола, откако во листата на стрелците се запиша и Мартинез, додека конечните 3-2 ги постави Јаја во 87. минута.
Сигурни три бода впиша и тимот на Легија, кој од гостувањето кај Омонија се враќа со убедлив триумф од 0-3. Со овој триумф полскиот претставник одново се израмни на врвот со Челзи, со по четири победи од исто толку натпревари, а Омонија по стартниот триумф го забележа третиот пораз во низа.
На останатите натпревари Лугано со 2-0 беше подобар од Гент, Млада Болеслав го изненади Бетис со 2-1, додека Олимпија Љубљана исто така со 2-1 славеше над Ларне.