Фиорентина го потврди Гросо за свој нов предводник

Откако Стефано Пиоли и Паоло Ваноли ја предводеа Фиорентина минатата сезона, дојде ред на нов тренер. Фабио Гросо и официјално седнува на клупата на „виолетовите“ и потпиша договор кој ќе трае до 2028 година.

„Би сакал да им се заблагодарам на целиот клуб, особено на претседателот Џузепе Комис и неговата мајка Катерина, што ми ја доверија оваа задача. Навистина сум пресреќен што имам оваа неверојатна шанса, да дојдам во престижен клуб со одлични навивачи“, рече Гросо.

Поранешниот светски шампион со Италија досега ги водеше Бари, Верона, Бреша, Сион, Фрозиноне, Лион и Сасуоло.