ВИДЕО: Фиорентина блиску до опстанок, Влаховиќ со два гола го казни Лацио

Фиорентина

Фиорентина го победи Лацио (2-0) и му направи проблеми во обидот да стигне до местата кои носат место во Лигата на шампионите.

  • Извештај од натпреварот:

Гостите имаа повеќе од играта, но домашните фудбалери искористија две шанси со кои освоија цел плен. Кореа и Имобиле промашија две шанси за отворање на резултатот, а тоа на спротивната страна го направи Влаховиќ.

Српскиот напаѓач се запиша во листата на стрелци четврти натпревар по ред. Одличната сезона за 21-годишникот му донесе 19 реализации во досегашниот тек од Серија А.

Најголемата закана во продолжението ја имаше Пацела. Неговиот удар за малку не заврши во целта, па римјаните останаа со шанси за бодови. На крај одново Влаховиќ стапи на сцена за да стави крај на сите дилеми на минута до крајот на мечот.

Во последните три кола екипата од Фиренца ќе се бори да го потврди опстанокот во италијанската елита.