Финска го објави списокот: Македонија прв предизвик за 2018 година

Фудбалската репрезентација на Финска го објави списокот за пријателскиот натпревар кој во мартовскиот термин ќе го игра против Македонија.

Двете репрезентаци ќе се судрат во Анталија, а селекторот Марку Канрева ќе има на располагање проверени сили. Очекувањата пред пријателскиот меч со Македонија се високи, а репрезентацијата е водена од Лукас Храдецки - голман на Ајнтрахт Франкфурт, како и Јоел Похјанпало, напаѓачот на Баер Леверкузен.

Натпреварот меѓу Финска и Македонија е закажан на 23 март.