• Саше Љолес
Јапонскиот репрезентативец е официјално нов фудбалер на Фрајбург, потврди бундеслигашот на своите социјални мрежи и на официјалниот веб-сајт.
Германскиот клуб објави дека потпишал перманентен договор со новиот играч, кој има 21 година и се наоѓа на списокот на јапонската репрезентација за Светското првенство.
Гото е втор Јапонец што го засилува Фрајбург, откако претходно беше потпишан договор со Рихито Јамамото. Финалистот во Лига Европа се засили и со голманот Мио Бакхауз, кој пристигна од редовите на Вердер Бремен.
Фрајбург има големи амбиции за следната сезона и најавува атак на Топ-4 позициите во германската Бундеслига.


