• Мартин Танасковски
Манчестер Јунајтед и Тотенхем се финалисти во Лигата на Европа, но тимовите се срам во Премиер лигата каде доживеаја нови порази и ги држат 16-тата и 17-тата позиција кои се првите безбедни места во англиската елита, веднаш над испаднатите Саутемптон, Лестер и Ипсвич.
Манчестер Јунајтед дома загуби од Вест Хем (0-2) и така падна за две позиции подолу. „Чеканите“ го прескокнаа ривалот на табелата, иако имаат очајна сезона, подобро котираат од Јунајтед. Головите на „Олд Трафорд“ ги постигнаа Соучек во 26. и Бовен во 57. минута.
Тотенхем, пак, исто така дома загуби од Кристал Палас со 0-2. Човек на натпреварот беше Езе, кој беше двоен стрелец во првото и во второто полувреме.
Голем кикс направи Нотингем Форест кој ремизира со веќе испаднатиот Лестер Сити (2-2) и си ја отежна битката за Лигата на шампионите. „Шумарите“