„Финалисима“ потврдена во март, во градот-дом на Инфантино

Натпреварот за трофејот „Финалисима“, во кој ќе се соочат европскиот шампион Шпанија и јужноамериканскиот првак Аргентина, ќе се одигра на 27 март во катарскиот град Лусаил, официјално потврдија организаторите.

Спектаклот е закажан за 21:00 часот по локално време во Катар, односно во 19:00 часот по средноевропско време, а ќе се одигра на импозантниот стадион „Лусаил“, кој беше домаќин и на финалето на Светското првенство во 2022 година.

„Финалисима“ е натпревар што ги обединува шампионите на двете најсилни континентални натпреварувања, Европското првенство и Копа Америка, и претставува своевидна фудбалска пресметка меѓу најдобрите селекции од Европа и Јужна Америка.

Аргентинската репрезентација има одлични спомени од претходното издание на ова натпреварување. На 1 јуни 2022 година, на „Вембли“ во Лондон, „гаучосите“ убедливо ја совладаа Италија со 3-0, освојувајќи го трофејот против тогашниот европски шампион.