Финалето во ЛШ нема да се игра ниту во Истанбул, ниту во Лондон?

Покрај Лондон, уште еден европски град испрати понуда да биде домаќин на претстојното финале во Лигата на шампионите, денес пренесуваат светските медиуми. 

Натпреварот помеѓу Челзи и Манчестер Сити најверојатно нема да се одигра во Истанбул поради ограничувањата за патување помеѓу Велика Британија и Турција. Оваа информација не е потврдена од страна на УЕФА, но многу веројатно е вистинита. 

Веќе од поодамна за нов домаќин на финалето се споменува Лондон, односно легендарниот стадион „Вембли“, но сега, како кандидат се споменува и Лисабон, пред сè заради тоа што  Британците може слободно да патуваат во Португалија

Наводно, УЕФА до среда мора да донесе конечна одлука за каде ќе се игра финалето во Лигата на шампионите, на 29 мај.