ВИДЕО: Финалето решено за три минути, Салцбург го освои Купот на Австрија

Доминаторот во австрискиот фудбал, екипата на Ред Бул Салцбург е освојувач на Купот на Австрија во фудбал и на прагот е на уште една двојна круна. На најдобар можен начин клубот од Салцбург ќе го испрати својот трофеен тренер Марко Розе во Борусија Менхенгладбах.

Во вчерашниот финален натпревар на „Пратер“ во Виена, Салцбург го надигра Рапид со 2-0 (2-0) и во само три минути го реши прашањето на победникот. Фаркаш во 37. минута го отвори резултатот, а најдобриот клупски стрелец Дабур само две минути подоцна ги постави конечните 2-0.

  • Извештај од натпреварот:  

Патрик Фаркаш во 83. минута заради два жолти картони беше исклучен.

Со оглед на предноста во австриската Бундеслига, Ред Бул Салцбург ќе ја освои двојната круна во австрискиот фудбал.