Финалето на Мундијалот во 2026 година на 19 јули во Њујорк — Њу Џерси

Светската фудбалска федерација (ФИФА) го одржа свеченото промовирање на календарот за Мундијалот кој во 2026 година ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико. На оваа церемонија се потврди дека првиот натпревар на Светското првенство ќе се игра на легендарната „Астека“ во Мексико.

Исто така, Џани Инфантино го потврди и домаќинот на финалето. На 19 јули 2026 година мечот за „божицата“ ќе се одигра на преубавиот „МетЛајф“ во Њујорк - Њу Џерси. Претходно на овој стадион ќе се одиграат уште осум натпревари, меѓутоа кулминацијата ќе биде секако финалето. 

Полуфиналните натпревари ќе се играат на американско тло, во Далас и Атланта. Четвртфиналиња ќе има по едно во Лос Анџелес, Канзас Сити, Мајами и Бостон. Во осминафиналето ќе се играат натпревари и надвор од САД, ќе има по еден меч во Ванкувер, Сиетл, Мексико Сити, Хјустон, Далас, Атланта, Филаделфија и Њујорк.

Градови домаќини на овој Мундијал се: Ванкувер, Сиетл, Сан Франциско, Лос Анџелес, Гвадалахара, Мексико Сити, Монтереј, Хјустон, Далас, Канзас Сити, Атланта, Мајами, Торонто, Бостон, Филаделфија и Њујорк.