Финалето на Лига Европа ќе биде „обезбедено“ и од ВАР

За првпат во историјата на Лигата на Европа финалето ќе го сочинуваат две англиски екипи. Лондонските гиганти Челзи и Арсенал во Баку ќе се борат за својот прв овосезонски триумф, а УЕФА одлучи ова финале да биде посебно. 

Имено, за првпат во историјата на ова натпреварување ќе се користи ВАР-технологијата, денес потврдија од европската куќа на фудбалот. Во текот на сезоната оваа технологија не беше воведена во натпреварите од Лига Европа, но од УЕФА одлучија во финалето апсолутно сè да биде чисто. 

Така, судиите ќе имаат далеку помал притисок, а судејќи по големото ривалство на Арсенал и Челзи со сигурност може да се каже дека ВАР-технологијата ќе биде искористена. Финалето на Лига Европа се игра на 29 мај во Баку.