Финалето на Купот на Унгарија ќе се игра со посредство на публика

Вечерва на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта ќе се одигра финалето на Купот на Унгарија. Во дуелот за трофејот ќе се борат Хонвед и Мезоковеш и тоа пред 10.000 гледачи, според протоколот на земјата. 

Ќе биде дозволено присуство на ограничен број гледачи од вкупниот капацитет од 65.000 места. „Пушкаш Арена“ ова лето се подготвуваше за Европското првенство, но истото е поместено за 2021 година поради пандемијата со ковид-19.

Мезоковеш на патот за финалето го елиминира МОЛ Фехервар, на Бобан Николов и Висар Муслиу.