Финале на ЛЕ: Дали ќе се повтори 1960 година и теоријата на Линекер?

Ајнтрахт пред 62 години во двата полуфинални натпревари во тогашниот Куп на шампиони го декласира Ренџерс (6-1, 6-3), а сега е благ фаворит против најтрофејниот шкотски клуб.

Пред 62 години, во полуфиналето на тогашниот Куп на шампиони, Ајнтрахт и Ренџерс одиграа две спектакуларни средби кои совршено се вклопуваат во изјавата на Гери Линекер дека „фудбалот е спорт со 22 играчи во кој секогаш победуваат Германците“. „Црвено-црните“ од Франкфурт во двата наврати му одржаа лекција на најтрофејниот шкотски клуб, момент кој навивачите на „сино-белите“ со задоволство би го закопале под земја за да го заборават – тој 13 април 1960 година на „Валдштадион“ беше 6:1 за момците од градот на Мајна, а потоа во реваншот на 5 мај се славеше со 6-3 и по натпреварот тимот беше испратен со овации од 70.000 луѓе. Меѓутоа, во финалето Ајнтрахт доживеа дебакл и загуби од Реал Мадрид со 7-3, иако по зборовите на Сер Алекс Фергусон кој присуствувал на тој натпревар, Ајнтрахт тогаш била најдобрата екипа која ја гледал.

Во меѓувреме, и едните и другите почувствуваа како е да се освојат меѓународните натпреварувања. Ренџерс прв повлече нога и во 1972 година го крена пехарот во Купот на победниците на куповите, а Ајнтрахт осум години подоцна славеше во Купот на УЕФА. Но, гигантот од „Ајброкс“ има уште три европски финалиња и еден Суперкуп на стариот континент, ама секој пат остануваше со празни раце. Тој епитет на губитник ќе се обиде да го прекине холандскиот стручњак Џовани ван Бронкхорст кој за време на преминувањето на вековите го носеше дресот на клубот во кој сега работи како тренер.

Сите квоти во MOZZART за натпреварот Глазгов Ренџерс - Ајнтрахт Франкфурт

Точно е дека шампионската титула која ја освои неговиот претходник Стивен Џерард оваа година заврши во трибините на лутиот ривал Селтик, но некогаш еден од најдобрите светски играчи за врска успеа да разгази пат до самата завршница на Лига Европа и тоа со тимот кој според имињата е далеку послаб, а успеа да ги елиминира Борусија Дортмунд и РБ Лајпциг. Од тоа заклучуваме дека Холанѓанецот и неговите избраници знаат како со германските претставници, нешто за кое се свесни и во Франкфурт. Од друга страна, српскиот репрезентативец Филип Костиќ и соиграчите во своите архиви исто така имаат неколку „крупни риби“ како што се Бетис, Вест Хем и најкрупната од сите – Барселона – која целосно ја уништија на нејзиниот „Камп Ноу“, а конечните 3-2 беа последица поради опуштање во последните неколку минути. Така, покрај Ван Бронкхорст пофалби заслужува и неговиот колега Оливер Глазнер, кој лани исто така имаше успех како тренер кога просечниот Волфсбург го внесе во Лигата на шампионите.

Кога сме кај двајцата тренери, фудбалската филозофија прилично им се разликува. Ван Бронкхорст најмногу се подготвува психолошки и вербално ги мотивира играчите. Глазнер, пак, е тактички „манијак“ кој секогаш има и План Ц, па фактот дека Мартин Хитерегер, кој е повреден, нема да игра не е огромен хендикеп. Двајцата преферираат пресинг и игра по крилните позиции, а впечатокот е дека екипата која ќе ја добие битката крај аут-линијата ќе ја добие и војната. Таа предност му припаѓа на Ајнтрахт поради фактот дека Костиќ и Јапонецот Даичи Камада се исклучителен тандем, па шкотскиот фудбалер Рајт и капитенот Џејмс Таверние. кој како десен бек е најдобар стрелец во Лига Европа (!), ќе имаат многу работа.
На оние кои не се сложуваат со проценките дека кецот има предност, им сугерираме ГГ и 1+I&1+II затоа што и едните и другите се склони кон такви типови. А убаво би било и да се повтори ефикасноста од 1960 година...