ФОТО: Филозофијата на Пеп на дело – од Кансело направи многу повеќе од десен бек!

Пеп Гвардиола веќе подолг период важи за еден од најуникатните фудбалски стратези во модерната ера на оваа игра. Шпанскиот тренер е познат по својата филозофија и сфаќање на фудбалската игра, па затоа не би било изненадување доколку негов играч може да добие сосема поразлични задачи од тие кои ги очекува. 

Таков е случајот со ланското дефанзивно засилување, Жоао Кансело. 26-годишниот десен бек во Сити пристигна од редовите на Јувентус, а иако беше најавен како големо засилување, му требаше подолг период за адаптација на англискиот стил на игра, како и на филозофијата на својот стратег. 

Но, кога сите проблеми ги остави зад себе и почна да игра како што најдобро знае, моментално е еден од најдобрите десни бекови на планетата. Јасно е дека кај Пеп Гвардиола ниту еден фудбалер нема фиксна позиција и во секој момент може да се најде на сосема нелогично место, а најголем доказ за тоа е статистиката на Кансело оваа сезона. 

Мапата на движење на теренот на Кансело покажува дека нема парче трева и дел од теренот што тој не го покриваше оваа сезона, што секако најголема заслуга за тоа има тренерскиот револуционер и иноватор. 

На 57-те натпревари за Сити, колку што досега одиграл во последните година и пол, Кансело формално беше десно крило, лево крило, десен играч за врска, лев играч за врска, централен играч за врска и стопер.