Филиповиќ: Гостуваме кај шампионот, ама за нас до крај е важен секој бод

Фудбалерите на Брегалница во рамките на 27. коло од ПМФЛ ќе гостуваат на Струга Трим Љум. Средбата на „Градскиот стадион“ во Струга крај Охридското езеро е од круцијална важност за двете екипи. Штипјани под тренерска палка на Сенев тргнаа добро, ама бодовите им се прекупотребни во тркатаза опстанок. 

Своите очекувања за овој дуел ги изнесе српскиот интернационалец Стефан Филиповиќ. 

„Соиграчите одлично ме прифатија, сите до еден се одлични момци, се чувствувам супер. Имам само пофални зборови за нив. Пријатно сум изненаден од Штип, од мирот што владее во градот и љубезноста кај луѓето. Атмосферата во тимот е одлична, како што реков, сите играчи воедно се и одлични луѓе и се разбираме во секоја смисла на зборот. Сите размислуваме како еден. Сите гледаме дека лошиот период и резултатската криза е веќе позади нас и сите заеднички ќе се избориме за опстанокот.

Гостуваме кај актуелниот шампион, но за нас до крајот секој натпревар е од витално значење и мораме да одиме на три бода независно со кој играме. Тренираме напорно и дисциплинирано, размислуваме само победнички“, изјави 

Натпреварот меѓу Струга и Брегалница се игра в недела од 15:00 часот.