• Мартин Танасковски

Македонскиот фудбалер со шведски пасош Филип Трајановски како слободен агент замина за Шкотска каде ќе мине проба во редовите на тимот на Ливингстон и доколку ги задоволи вкусовите на тимот ќе потпише перманентен договор.
22-годишниот стопер е без клуб по разделбата со Скопје која се случи во зимскиот преоден рок. Во ПМФЛ изминатата полусезона Трајановски одигра шест натпревари на кои постигна еден погодок во мрежата на противниците. Ливингстон го покани Трајановски во Шкотска, тој е веќе на Островот и тренира со екипата. Десет дена ќе трае „тестот“, а потоа ќе се знае дали тој ќе добие договор да игра во продолжението од сезоната.
Покрај за Скопје, Трајановски во Македонија играше уште и за Борец и Академија Пандев. Првите чекори во фудбалот ги направи во Шведска, каде играше за младинските погони на Хакен, а потоа за ГАИС и Одевелд.
Во моментов Ливингстон игра во шкотската Премиер лига, а се наоѓа на петтата позиција на табелата.