Филип Стојановски си подаде рака со Пелистер

Битолски Пелистер договори уште едно засилување за Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), а тоа е дефанзивецот Филип Стојановски.

Некогашниот младински репрезентативец на Македонија доаѓа како слободен, а последната сезона ја мина во Косово каде го носеше дресот на Феризај. Настапува на десната бековска позиција и се очекува да биде засилување за „зелените“.

23-годишникот има искуство во ПМФЛ како член на Шкупи и Македонија ЃП, а исто така настапуваше за Раднички Пирот (Србија), Аполонија (Албанија), Љубанци и Вардар.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.